Свет
11. February 2016 - 10:44

Нигерија: Во напади на жени бомбаши најмалку 60 загинати

Повеќе од 60 луѓе загинале во двоен самоубиствен напад извршен од жени врз камп за раселени лица на североисток во Нигерија.

Нападот се случил во вторникот во градот Диква, оддалечен околу 80 км. од Мајдугури, главен град на државата Борно, но поради прекин на телефонските врски за нападот не се дознало порано, јавуваат западни медиуми.

Во нападот ранети се 78 луѓе. Во кампот се сместени околу 50.000 луѓе кои побегнале од насилства на џихадистите од Боко харам.

Властите сметаат дека три жени бомбаши  влегле во кампот, но само две го активирале експлозивот што го носеле на себе. Третата жена одбила да го активира откако дознала дека нејзини родители и роднини се во кампот и им се предала на властите.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.