-->
-->
Ни пресудија судиите!
-->
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луј ван Гал ги обвини судиите за елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите. Јунајтед, во вторникот, загуби од Волфсбург со 3:2, го освои третото место во Б групата и сезоната ќе ја продолжи во Лига Европа.
„Ова беше помалку лид натпревар. Постигнавме гол, а потоа тие израмнија по само две минути. Постигнаа гол за победа две минути по нашето израмнување“, рекол Холанѓанецот.
„Може да се каже дека бевме фаворити, но ова беше неизвесна група. Се сеќавата дека првиот меч против ПСВ го реши судијата, истото се случи и против Волфсбург. Кога групата е израмнета такви работи се случуваат.“
Ван Гал дополнил дека судиите не требало да го поништат голот на Џеси Лингард постигнат во финишот на првиот дел, при резултат 2:1 за Волфсбург.
„Мата не го попречуваше голманот. Разочаран сум, разочарани се и фудбалерите. Во ова натпреварување сакавме да го покажеме квалитетот, но повеќе нема да имаме шанса да го сториме тоа“, рекол Ван Гал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор