Бизнис
28. January 2016 - 12:40

Незири: Во Слободната зона во Тетово се гради фабриката на „Леар“

Сите инвестиции во Слободната економска зона во Тетово кои беа поминати на Влада  се во фаза на реализација, оцени денеска министерот за економија Беким Незири.

- Не е вистина дека во Слободната економска зона во Тетово нема инвестиции. Таму веќе активно се гради фабриката наменета за „Леар“, компанија од автомобилската  индустрија, изјави Незири, одговарајќи на прашање по промоцијата на твиниг проектот „Јакнење на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“ во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.