Незири: Наскоро нов закон за енергетика усогласен со директивите на ЕУ и ЕЗ
Подготвена е драфт верзијата на новиот закон за енергетика и во следните три месеци се очекува да ги помине сите фази и да биде целосно усогласен со директивите на ЕУ и Енергетската заедница (ЕЗ), најави денеска министерот за економија Беким Незири.
- Драфт верзијата е готова и таа треба да биде синхронизирана со сите закони на Европската унија. Таа ќе биде дадена на јавно мислење, а една копија ќе биде испратена и до Европската енергетска заедница, истакна Незири на денешниот завршен настан на проектот за зајакнување на административниот капацитет на Секторот за енергетика при Министерството за економија и на Агенцијата за енергетика.
Проектот се спроведуваше изминатите две години, а за него Европската унија одвои 1,6 милиони евра. Целта беше да се овозможи зајакнување на капацитетите на надлежните институции во делот на енергетиката и усогласување на сите законски и подзаконски акти со европското законодавство.
- Направени се и сите правилници кои ќе ја олеснат работата на потенцијалните инвеститори за градење нови електрани во Македонија и новите законски и подзаконски акти кои ќе помогнат Република Македонија во делот на енергетскиот сектор да заземе важно место на европскиот енергетски пазар, посочи Незири.
Раководителот за соработка во Делегацијата на Европската унија Мартин Клауке е задоволен од сработеното и најави дека Европската унија и во иднина ќе го помага развојот на енергетскиот сектор во Македонија.
- Многу добри резултати се постигнати. Сега се зависи од властите во Македонија, да ги преструктуираат законските регулативи и да ги усогласат со европската регулатива, како и да работат со луѓето кои се задолжени за енергетскиот систем, рече Клауке.
Тој нагласи дека либерализацијата на енергетскиот сектор во Македонија допрва треба да следи и изрази надеж дека оваа постапка ќе се забрза.
- Македонија до скоро беше лидер во регионот во областа на либерализацијата на пазарот на електрична енргија, но целосната либерализација што требаше да се случи на почетокот на годинава беше одложена. Се надеваме дека македонските власти ќе ја забрзаат оваа постапка, рече Клауке.
Ново на Сител
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел