Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
Собранието за утре закажа седница на чиј дневен ред единствена точка се измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството на независните кандидати на претстојните локални избори. Наместо еден отсто, со измените се превидува - кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ).
Со измените се предвидува и кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.
Со предложеното законско решение, се дефинираат и интернет порталите согласно Законот за медиуми, а се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, ти за пратеници со собрани потписи.
Според предлагачите (група пратеници), со предложното законско решение ќе се обезбеди јасен, транспарентен и инклузивен изборен процес и ќе се надминат воочените недоследности преку зајакнување на правната рамка.
Претходно ДИК на седница во саботата усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип