Независни Грци нема да го поддржат Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас
Помалиот коалициски партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци, најави дека нема да го поддржи ниту Договорот со Македонија, ниту предлогот на опозициската Нова Демократија за недоверба на владиниот Кабинет, иако иницијативата беше токму поради постигнатиот Договор.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, партијата Независни Грци на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, останува на досегашниот став во однос на прашањето со името, но паралелно и натаму ја поддржува Владата.
- Пратеничката група по состанокот и сега кога е во салата за време на седницата испраќа една порака. Прво едно големо благодарам до (лидерот на Нова демократија) Кирјакос Мицотакис за можноста што ни ја дава два дена да го прашаме лице во лице. Конечно да одлучи која е позицијата на Нова демократија. Конечно да реши да одбере меѓу кои позиции и линии ќе се движи, изјави портпаролот на Независни Грци, Теодорос Тосунидис.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори