Независен и непристрасен статистички систем за подобро креирање на јавните политики
Независен и непристрасен статистички систем е многу значаен за секое општество за да може да се креираат подобро јавните политики и да се носат одлуки. Статистиката треба да се управува без влијание од политиката бидејќи само на тој начин општеството може да биде подобро, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешниот настан организиран во Народната банка по повод Европскиот ден на статистиката.
Според него, во Северна Македонија има позитивен развој во полето на статистиката, но има и простор за дополнително подобрување.
– Реформите треба да продолжат и во областа на статистиката и тоа не заради Европската Унија, туку заради државата и граѓаните, рече Жбогар.
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска смета дека клучна е координацијата на институциите кога станува збор за статистичките податоци.
– Во пресрет на исполнувањето на европските статистички стандарди, комуникацијата и координацијата меѓу носителите на статистичките истражувања е клучна. Во нашиот случај горди сме на одличната координација со нашите партнери – Државниот завод за статистика и Министерството за финансии. Значаен исчекор во овој дел ќе биде ставањето во функција на т.н. систем на интегрирана координација, на составување на владината статистика со податоци во реално време достапни за сите три институции. Ова во крајна линија би знаело поконзистентни фискални, финансиски и макроекономски статистички податоци, рече Ангеловска-Бежовска.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски најави дека тие како носител на националниот статистички систем ќе продолжат да ги негувата партнерствата со институциите и со сите засеганати страни кои се занимаваат со оваа проблематика.
– За нас како статистичари и производители на официјални статистички податоци останува определбата за следење и почитување на сите стандарди на европскиот статистички систем со што стануваме негов рамноправен член, рече Симевски.
Европскиот ден на статистиката се одбележува под мотото „Подобри податоци, Подобар живот“. На настанот во Скопје покрај обраќањето на гувернерката на Народната банка, директорот на Државниот завод за статистика и евромабасадорот Жбогар, предавање одржа и Пер Ниманд-Андерсен, советник во Европската централна банка.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите