Незамисливи желби на богаташите
Милионите во банка не се причина и оправдување за чудните и ексцентрични работи кои ги прават луѓето.
„Грофот“ Скарпа сака своето Бентли да го вози и во задгробниот живот
Бразилскиот милионер и плејбој „гроф“ Чикињо Скарпа (64) откако изгледал документарен филм за фараоните, кои биле погребувани со својот имот за да им се најде во задгрбниот живот одлучил да го закопа своето омилено Бентли Континентал Флајинг Спар од 400.000 долари. Тој сака и на оној свет да вози луксузен автомобил и затоа возилото го закопал пред својата вила во Сао Паоло.
Бејзбол играч има милиони, а живее во комбе од 1978 година
Даниел Давид Норис (21) еден од најперспективните млади играчи на бејзбол и покрај милионскиот договор живее во половно комбе Фолксваген од 1978 година. Често со комбето оди на плажа или на планина. Обожава сурфање и фотографија, а мрази да гледа телевизија.
Арон Леви вози автомобил стар шест години, а има 100 милиони долари
Арон Леви (29) е основач на „Бокс“ (Box), компанија која пружа услуги за собирање на податоци на едно место. Неговото богатство се проценува на 100 милиони долари.
- Воопшто не сум фокусиран на парите и на престижот. За мене нема ништо повозбудливо од создавање на добри производи. Тоа ме придвижува. И понатаму сакам шпагети, можам постојано да ги јадам. Во луксузните ресторани јадам само кога тоа од мене го бараат клиентите, истакнува Леви, кој договорите често ги склучува во „Мекдоналдс“.
Австралијанец гради реплика на Титаник и на Паркот Јура
Ексцентричниот милијардер Клајв Палмер (61) поседува огромно богатство кое се проценува на четири милијарди долари. Неговиот сон е да изгради парк со гигантски диносауруси-роботи. Пред 1,5 година успеа да отвори „Палмасаурус“ со 165 диносауруси. Потоа сакаше совршена реплика на бродот Титаник, кој треба да исплови во 2016 година
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми
-
Николоски: Досега 34 километри од автопатот Кичево - Охрид се во активна употреба, двата аеродроми ќе бидат автопатски поврзани
-
Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје
-
Вашингтон се заканува со санкции, Колумбија уверува дека се бори против шверцот на кокаин
-
Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област