Македонија
18. July 2015 - 16:12

Незадоволство во СДСМ по договорот од Пржино, разликите меѓу членството и раководството претстојат

Огромно незадоволство на Бихаќка по договорот од скопско Пржино.

Партиски извори за Сител велат дека партиските функционери не се задоволни од она што го добиле со протоколот кој и стави крај на политичката криза.

Истите извори велат дека во периодот кој претстои разликите меѓу партиското членство и раководството дополнително ќе се продлабочуваат до таа мера што Заев и Шеќеринска веќе нема да можат да ги кријат од јавноста.

На ден по договорот, на последниот Централен одбор на СДСМ, дел од членството со подолг стаж како и истакнати поранешни партиски функционери кои важат за блиски до Црвенковски му предочиле на Заев дека е рано за славење бидејќи теренската работа допрва доаѓа, а партијата нема ниту план ниту програма како да му се спротивстави на Груевски.

Незадоволни биле и дел од актуелните функционери кои потенцирале дека последната анкета на ИРИ покажува дека СДСМ повторно ќе доживее пораз на изборите.

Тие на Заев му посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој следи дополнително ќе ги засили своите активности и дека до крајот на летото нема да запре ниту реализацијата на проектите на Владата ниту пак отворањето нови фабрики и инвестиции.

За само два дена Премиерот Груевски одбележа влез на старнски инвестии кои ќе отворат дури 5.000 работни места, а истовремено се градат три автопати, експресни патишта и со полна пареа се реализира проектот „Македонија вработува“.