Незадоволниот Олимпијакос се сели во АБА лигата?!
Грчкиот кошаркарски великан Олимпијакос можеби ќе поднесе барање за настап во АБА-лигата, пипуваат шпанските медиуми.
„Мундо Депортиво“ тврди дека во клубот се незадоволни од третманот што го имаат во домашното првенство, каде според нив фаворизирани биле Панатинаикос.
На ваков чекор од Пиреја биле подготвени откако во средата на полувремето го напуштија полу-финалниот меч против Панатинаикос во Купот на Грција.
„Ние нема да учествуваме во ваква лакрдија. Не можеме повеќе да го трпиме ова, спортските челници мора нешто да направат“, рекол генералниот менаџер на Олимпијакос, Кристот Ставропулос.
Од Олимпијакос веќе ја контактирале АБА-лигата за да договорат почеток на соработката. АБА-лигата во минатото знаеле да има екипа што не е од просторите на поранешна Југославија, во сезоната 2011/2012 во лигата учествуваше Макаби од Тел Авив.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата