Македонија
13. јуни 2016 - 17:22

Невремето продолжува и утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 16, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 14 и со дневна до 26 степени.

Од среда нашето подрачје ќе потпадне под влијание на сува и многу топла воздушна маса од југ, особено топло ќе биде за време на продолжениот празничен викенд кога дневната температура долж Повардарието ќе достигне 40 степени.