-->
-->
Невремето предизвика големи штети на Балканот - хаос низ улиците
-->
Обилните дождови денеска го погодија северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а во Приедор и Босански Нови се излија локалните реки.Во Приједор се поплавени околу 200 станбени објекти, а дојде и до пораст на нивото на водата и излевање на реката Пухарска, која се влева во Сана.
Реката Јошавка, поради огромната количина на дожд која вчера падна во попладневните часови и која се уште паѓа, се изли на главниот пат Челинац – Прњавор преку Стара Дубрава.
Поплавена беше и населбата Урија, а реката Враголовача се изли од коритото во местото Јутрогошта и го пресече локалниот пат. Мештаните ја спасуваат стоката од шталите, кои се во близина на оваа река.
Силно невреме вчера ја зафати и Хрватска.
На улиците во Загреб во сите делови на градот утринава имаше многу скршени гранки, дрвја, растурени контејнери за отпадоци или дрвени штандови, а некаде и истргнати семафори. Итните служби и пожарникари се на терен, а полицијата ги предупредува граѓаните да не одат надвор ако немаат итна потреба.
Невереме се очекува и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија го повтори предупредување дека од денеска до петок се очекува голема количина на врнежи.
Сите надлежни служби воведоа 24-часовни дежурства на водостоите на реките, а РХМЗ го вклучи портокаловиот и жолтиот метеоаларм. (МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана
-

Нивото на водата во Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември
-

Пожарот во „Вјесник“: Правна дилема околу казната за малолетниците, штетата десетици милиони евра
-

Поранешен заменик министер и директор меѓу осомничените, утрово претреси на МВР во Скопје, Куманово и Тетово
-

Кина и Тајван во фокусот: Телефонски разговор меѓу јапонската премиерка Такаичи и претседателот Трамп
-

Анкета: Повеќето Германци ја отфрлаат улогата на воено лидерство во Европа
-

НАСА ги објави првите фотографии од новата мисија на Марс, направени на 885.240 км од Земјата
-

Надал за Алонсо во Реал: Куќа не се гради за еден ден
