Невремето „Илиас“ ги зафати Атина и делови на Грција
Невремето „Илиас“, што од понеделникот ја зафати Грција, денеска кулминираше, а во текот на ноќта и рано утринава предизвика проблеми во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во централниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Атина има силни и обилни врнежи од дожд и молњи, прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои населби, но засега, без поплавени улици.
Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за државната телевизија ЕРТ истакна дека противпожарните сили се подготвени, доколку е потребно да интервенираат.
Говорејќи за грчките телевизии префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина Јоргос Патулис соопшти дека училиштата ќе останат затворени, но подоцна тој за ЕРТ објасни дека сепак ќе работат регуларно, а секоја од општините може локално да донесе одлука за наставата, во случај да постојат проблеми.
Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена предупредувачка порака до жителите на Атика, централна Грција и делови од Пелопонез за опасни временски појави и беше побарано за денешниот ден да ги ограничат непотребните движења и патувања.
Ново на Сител
-
„Мртов Саздо добар Саздо“ и „Илирида“ ечат во Тетово | ВИДЕО
-
60-годишник си изградил хотел без никакви документи во Старата скопска чаршија
-
Мицотакис: Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите
-
Германија се соочува со сериозен недостиг на кадри во областа на социјалните услуги
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија, Крушево и Виница
-
Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет
-
Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид
-
Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите