Невремето доаѓа, пороен дожд попладнево го потопи Белград
Силно вевреме го зафати денеска Белград. Синото небо наеднаш го прекрија облаци и дожд почна да лие како од котел.
Жесток дожд прво имало во Земун, а подоцна и во останатите делови од градот. Луѓето бегале за да не накиснат до гола кожа.
На Коњарник дувал силен ветер кој ги виткал дрвјата.
- Мислевме дека пукаат гранки. За среќа, ништо не се случи, велат мештантите.
Во одредени делови од Медак паѓал и ситен град.
Метеролозите веќе најавија пороен дожд во Србија и максимална температура до 27 степени.
Во Македонија попладне во планинските подрачја особено на северозапад и североисток ќе има услови за појава на дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утре ќе започне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста, а со северниот ветер ќе има и повремени сончеви периоди. Утре од попладневните часови и претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југ и југоисток ќе има пороен дож и грмежи. Во среда се очекува да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст, информира УХМР.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари