Невреме во Србија: Дете загина во Нови Сад, најпогодена Војводина
Силен дожд пропратен со грмежи и силен ветер ја зафати вчеравечер Србија. Најпогодена е Војводина, каде ветерот соборуваше дрвја, причинувајќи материјална штета. Одделот за итна помош спаси пет лица, една жена е повредена, а десетгодишно дете загина во Нови Сад од струен удар или гром, јави дописникот на МИА од Белград.
Поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин. Невремето го погоди и Сомбор и Суботица кои исто така имаа прекини на електричната енергија.
Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МВР вечерва спасија пет лица, од кои две деца. Меѓу нив е вработена во трафика во Нови Сад врз која падна дрво од невремето, а пожарникарите-спасувачи од Нови Сад спасија уште четири лица, меѓу кои и две деца од такси, кое беше погодено од дрво.
Во Нови Сад, од невремто „одлета“ дел од покривот на Новосадски саем, а соборен е и кран на градилиштето во Детелинара, при што беа оштетени соседните згради.
И во Белград имаше пороен дожд со грмежи и силен ветер. Аеродромот Никола Тесла беше привремено затворен.
Ново на Сител
-

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка и се упати кон Куба
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
