Невреме во повеќе делови на Грција
Обилниот дожд и силниот ветер со над 100 километри на час што вчера ја зафатија Грција создадоа проблеми во повеќе делови од земјата.
Најпогодени од невремето беа регионот Епир и островот Крит, а проблеми имаше и во поморскиот и авионскиот сообраќај поради силниот ветер, јави дописничката на МИА од Атина.
Во градот Арта во областа Епир, силниот и обилен дожд предизвика проблеми на патната мрежа.
Во повеќе делови на Грција, бродовите останаа закотвени на пристаништата по забраната за пловење издадена поради силниот ветер, а на Крит, авион што полетал од Атина, откако не можел да слета во градот Ираклио на островот, повторно се вратил во грчката престолнина.
Според грчката национална опсерваторија, најсилен ветер со брзина од 116 километри на час бил регистриран во планинското село Мавролитари во централна Грција.
Ново на Сител
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум