Невреме во Македонија - еве каде наврна најмногу дожд
Најмногу дожд во изминатите 24 часа се наврнати во Дојран. УХМР регистрира 88 литри на метар квадратен. Во Штип се наврнати 31 литар, Струмица и Берово 30, Крушево 28, Крива Паланка 25, Прилеп, Тополчани и Виница 23, Скопје – Петровец 19, Ѓуриште и Охрид 15, Демир Капија и Куманово 14, Битола и Скопје 12, Лазарополе 11, Маврово 10, Дебар девет, Гевгелија осум, Пожаране шест, Тетово пет и Претор четири.
Во раните утрински часови во поголем дел од земјава со врнежи од дожд кои според последните податоци речиси насекаде престанаа, освен во северните делови каде се со слаб до умерен интензитет. На места дува слаб до умерен северозападен ветер.
Облачно, во раните утрински часови во поголем дел од земјава со врнежи од дожд кои според последните податоци речиси насекаде престанаа, освен во северните делови каде се со слаб до умерен интензитет. На места дува слаб до умерен северозападен ветер.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд со умерен, а попладне со слаб интензитет. Дневната температура ќе достигне до 10 степени.
И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер и во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста. Дневната температура до петок ќе биде во пораст.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување