Свет
8. July 2019 - 10:18

Невреме во Франција

Големо невреме го зафати вчера францускиот регион Оверња-Рона-Апли, каде паѓал град со величина речиси колку тениско топче, а регистрирани се рекордни 73.700 молњи.

Метеоролошкиот завод во саботата издаде портокалово предупредување за целата земја, а овој регион кој се наоѓа на границата со Италија и Швајцарија, е најпогоден од невремето.

На социјалните мрежи се појавија голем број видео снимки и фотографии, а на една од нив се гледа базен како да клокоти, поради крупниот град кој паѓал во водата.