Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови
Силно невреме попладнево го зафати Букурешт, предизвикувајќи поплави, сообраќаен хаос и проблеми со воздушниот сообраќај. Поројниот дожд траеше повеќе од еден час, поплави десетици улици и ги забави и возилата и пешаците.
Вода навлезе и во неколку станбени и деловни објекти, а изненадените граѓани и туристи објавија бројни видеа на социјалните мрежи.
Според властите, ветерот дуваше со брзина до 70 км/час и собори многу дрвја, често врз автомобили.
Поради лошото време, неколку летови од Букурешт полетаа со доцнење, а авионите од Париз, Штутгарт и Клуж-Напока не можеа да слетаат на меѓународниот аеродром „Хенри Коанда“ (Отопени), па беа пренасочени кон Констанца и Крајова, соопштија аеродромските власти за БТА.
„Високата влажност и температурите над просекот придонесуваат за вакви појави, особено бидејќи јуни е највлажниот месец во годината во Романија“, изјави за Диџи24 директорката на Националната метеоролошка служба, Елена Матееску. Таа најави дека следуваат периоди на нестабилност и високи температури до 35 степени.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении