Невреме во Австралија: Потврдени три жртви, а стотици се евакуирани

Викендов што измина, најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани од силно невреме што го зафати источниот брег во Австралија, пренесува Танјуг.
Стотици жители кои живеат на крајбрежјето се евакуирани заради силните дождови и брановите кои достигаат височина и до 12 метри.
Според западните медиуми, повеќе од 85.000 домови и деловни објекти останале без електрична енергија, крајбрежните живеалишта се поплавени, а високите бранови предизвикаа значителна ерозија на дел од плажите.
Во главниот град Канбера, настрада еден 37-годишен жител, кога надојдената вода го понела и превртела неговиот камион. Во рекичка која се наоѓа на околу 120 километри јужно од Сиднеј, пак, е пронајдено безживотното тело на 65-годишен маж, и уште едно во Лепингтон – населба во југозападното предградие на Сиднеј, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.
Спасувачките тимови обезбедија помош за околу 300 жители од погодените области во Нов Јужен Велс, извести државната агенција за вонредни состојби.
Ново на Сител
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
