Невреме го зафати Куманово, пријавени паднат покрив на зграда и два одрона во Липковско и Старо Нагоричане
Пороен дожд, проследен со грмежи, ситен град и силен ветер попладнево го зафати Куманово.
Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи пријавена е падната метална конструкција на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“, паднат покрив на зграда на улица „Тоде Думба“, на неколку локации немало електрична енергија.
И покрај дождот имало неколку пожари од помал обем во Кумановско, а во РЦУК Куманово имало пријави за два одрона во рурални средини, едниот во Липковско, вториот во Старо Нагоричане.
На дел од улиците во Куманово, се слеваше вода и сообраќајот беше отежнат. Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, се на терен и ги отстрануваат паднати гранки и стари дрвја на неколку локации во Куманово и ги чистат затнатите канали и наноси на булеварот „Октомвриска револуција“, кај „Средорек“.
Ново на Сител
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта
-
Денес сончево време со мала облачност и температура до 25 степени