Невработеноста во Германија на нова рекордно ниска стапка
Стапката на консолидираната невработеност во Германија падна на рекордно ниво од 5,9 отсто во јануари, информираше германската Федерална агенција за вработување.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во новата година најголемата европска економија го урна стариот рекорд од 6,1 отсто невработеност и четири месеци по ред забележува намалување на бројот на постојано и привремени невработени, пред се поради зголемениот број на сезонски вработувања, што се зголемиле за 26 илјади во првиот месец од 2017 година.
Аналитичарите на стартот на годината очекуваа стапката на невработеност да изнесува шест отсто, колку што беше забележана во декември 2016 година, но новите бројки ги побија нивните анализи.
Со стапка од 5,9 отсто нивото на невработеност е најниско од германското обединување во 1990 година.
Ново на Сител
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог