Невработените можат да започнат сопствен бизнис за неповратни 3.200 евра
Објавен е првиот повик за доделување грантови за самовработување во 2016. Од денес до 29 јануари невработените со идеја за сопствен бизнис може да аплицираат на огласот на агенцијата за вработување за неповратна поддршка од 3200 евра во вид на опрема, материјали и експертска помош.
На овој оглас се очекува да се одобрат половина од 920 предвидените грантови, а останатите на втор повик на средина од годината.
Со цел мерката да биде поуспешна на двата огласи ќе бидат избрани вкупно 1500 најдобри кандидати кои прво ќе добијат обука, а потоа ќе може да аплицираат за средства. За бизнисите со најголем потенцијал има можност да се додели грант за дополнително вработување, а вкупната поддршка може да достигне до 5600 евра.
Програмата за самовработување владата ја спроведува во парнтерство со УНДП десетина години и преку неа досега се отворени над 7600 фирми.
Очекувањата се годинава со неа да се креираат околу 1000 нови работни места во економијата.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
