Невообичаена метеролошка појава на небото над Костарика

Жителите на Костарика беа сведоци на невообчаен метеролошки феномен, кој кај многумина предеизка страв.
- Бевме во лунапарк со нашиот 11-годишен син Ариел кога видовме необичен облак на небото. Бевме воодушебени, иако не знаевме за што се работи, бидејќи досега не сме виделе ништо слично, изјави Џозеф Петит за американската телевизија Еј-Би-Си.
Локалнта жителка Џеси Монтеалегре изјави дека облакот претставувал „глетка што го одзема здивот“. - Тоа беше како Божји знак, вели Монтеалегре.
На социјалните мрежи набрзо се појавија форографии од појавата со коментари од типот: „Небото се отвори над Костарика“ или „Крај на светот“.
Сепак метеорологот Еладио Солано објаснува дека станува збор за феномен кој се нарекува „иридесценција на облаците“
Овој феномен настанува при дифракција на сончевата светлина низ облаците, создавајќи ефект на боите на виножитото.
Но, за разлика од виножитото, каде сончевите зрци се прекршуваат додека минуваат низ капки дожд, дифракцијата настанува кога снопот светилна ќе наиде на препрека со големина слична на брановата должина на светлината, при што се прекршува и се „превиткува“ околу препреката.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
