-->
-->
Невидени поплави во Пекинг, најмалку 20 загинати
-->
Главниот град на Кина, Пекинг, беше погоден од поплави без преседан во последните 140 години, соопшти денеска кинеската метеоролошка служба.
Најмалку 20 лица загинаа, а 19 се водат како исчезнати во обилните дождови што го погодија Пекинг и соседната провинција Хебеј на север, јавија државните медиуми.
Максималната вредност на врнежите забележана во ноќта меѓу сабота и среда наутро на една станица во градот изнесуваше 744,8 милиметри.
„Тоа е најголемото количество на врнежи во изминатите 140 години“, откако се води евиденција, соопшти метеоролошката служба на главниот град.
Тајфунот Доксури стигна до источната кинеска провинција Фуџијан во петокот од правец на Филипините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
