Невидена сообраќајка: Покосил тројца млади и ги отфрлил во река

Тројца млади се тешко повредени во страотна сообраќајка кај Крупањ кога на нив налетал „голф„.
Маријана Влајковиќ (21), Милица Периќ (21) и Милован Ѓуричиќ (24) завршиле во река откако со својот „голф“ ги удрил Момчиќо Гајиќ.
Повредените во тешка состојба се префрлени во болницата во Лозница. Несреќата се случи завчера во Крупањ, околу 21.30 часот.
Стоеле пред продавница
Според зборовите на очевидци, тројцата млади стоеле пред продавница во центарот на градот.
-Тој излета од кривината и удри во децата кои одлетаа во коритото на реката. Потоа запре и се зачука во камена ограда - велат очевици.
Според нивните зборови, во тој момент на улицата имало многу минувачи.
-Покрај продавницата се наоѓа и кафуле во кое младите најчесто излегуваат. Веднаш излегоа луѓе да помогнат и ја повикаа итната помош. За да извлечат една од девојките мораа да ја извадат капијата, велат тие.
Милица критично
-Низ градот се зборува дека човекот бил пијан. Ваква несреќа градот не памети, се надеваме дека младите ќе бидат добро, велат граѓани.
Според српски „Курир“, Милица Периќ е најтешко повредена и во критична состојба префрлена во Белград.
-Сместена е на одделението за интензивна нега и е во многу лоша состојба, велат од Ургентниот центар.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
