-->
-->
Невестата се породи среде свадба
-->

Радован Мирковиќ и Бојана Теовиќ од Србија вчера требале да се венчаваат, поканиле сватови, но свадбата се претворила во вистинска драма.
Бремената невеста тргнала да фрла пченица на куќата како што налагаат обичаите и тогаш почнале породилните болки. Збунетите сватови останале под шаторот од 600 места, додека невестата била итно пренесена во болницата, каде што Бојана родила здраво машко бебе.
– Фала му на Бога за денешниот ден. Никогаш во животот не се исплашив толку и никогаш не ми било толку убаво. Поканивме многубројни гости, а гостите останаа затечени, но останаа на свадбата биејќи чичкото на Бојана ја покани музиката да го прослави раѓањето на внукот – рекол маладоженецот.
Тој вели дека денеска ќе продолжи веселбата, се слушнал со сопругата, и таа и синот се одлично. Сѐ на сѐ, подобро не можеше да биде – раскажува Радован.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен