-->
-->
Невеста избркала гости од свадбата зашто бебето им плачело
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/december/fnjergrehbr-203983.jpg?itok=3P2hamJp)
„Иако во поканите нагласивме дека не сакаме деца на свадбата, тие го зедоа своето новороденче и другото дете кое има три години. За време на свеченоста сѐ нешто на тоа мислев и се надевав дека некој ќе дојде по децата пред веселбата. Но, тие двајца и таму се појавија со децата. Бидејќи бебето веќе беше уплакано во црквата, а и другото дете се чинеше дека наскоро ќе заплаче, го испратив мојот свадбен организатор да види што им се намерите“, раскажува невестата.
Гостите се налутиле поради тој потег, па започнала и расправија. Тогаш невестата решила самата да се справи со тоа.
– Ги потсетив дека на поканите јасно пишува дека не сакам деца на приемот. Жената ми се извини, а мажот ѝ почна да се расправа со мојот сопруг. На крајот се изнервирав и им кажав дека мора да си одат – пишува таа во објавата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни