Неверојатна приказна: Пронајдена пита која мајката му ја испратила на синот во Втората светска војна, пораката го кине срцето
Лимена кутија со пита со месо испечена во текот на Втората светска војна е изложена во музеј откако во беспрекорна состојба е откриена под подните даски во еден британски хотел.
Божикната пита, која во тоа време мајката му ја испратила на синот - морнар, се откриени во хотелот Лок во градот Даглас на Островот Ман.
Пронајдени се во текот на обновата на хотелот во 1998 година, но останале заборавени во складиштето на музејот Манкс.
Се верува дека питата останала добро зачувана речиси 80 години благодарение на сувиот воздух под дрвените даски од подот.
Кутијата била адресирана до морнарот Фил Дејвис со писменце на кое пишува „Се најдобро, те сака мајка“.
Кустосот на музејот Манкс Метју Ричардсон рече дека тоа се „посебни докази за топлите човечки приказни“ од Втората светска војна.
Божиќ е „вистинско време повторно да блеснат“, истакна тој.
Хотелите и пансионите долж променадата во Даглас тогаш биле користени за сместување на војниците и морнарите.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата