Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит предизвика паника во Сеул
Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит во раните утрински часови предизвика паника во Јужна Кореја и Јапонија, каде што беа издадени воздушни предупредувања, но тие брзо беа откажани кога сомнителниот предмет падна во морето.
Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека сателитот кој носел нуклеарно оружје се урнал поради нестабилност во моторот и неисправно снабдување со гориво.
Жителите на Сеул имаа непријатно будење бидејќи во 6 часот и 32 минути по локално време се огласија сирените кои предупредуваат за можна евакуација. Меѓутоа, само 10 минути подоцна тревогата е откажана, а властите тврдат дека била објавена по грешка.
Предупредување беше дадено и на јужната јапонска префектура Окинава, но набрзо се виде дека проектилот не може да стигне до јапонска територија, па и таа тревога беше повлечена.
Северна Кореја претходно ги извести меѓународните власти дека ќе лансира ракета кон југ, а се очекуваше остатоци да паднат во Жолтото Море и Тихиот Океан.
Ново на Сител
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица