Неуспешен обид за лансирање севернокорејска балистичка ракета
Севернокорејска балистичка ракета испукана од подморница, падна во морето во рана етапа од летот, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб.
Балистичката ракета била испукана денеска од подморница стационирана во води источно од Корејскиот полуостров.
Лансирањето се случи ден по одлука на САД и Јужна Кореја за распоредување антиракетен систем што би требало да одговори на закани од Пјонгјанг и два дена откако Северна Кореја најави дека на најостар начин ќе одговори на ставот на САД што го оцени како „објавување војна“.
Стејт департментот го осуди обидот за лансирање таков вид ракета наведувајќи дека тоа значи кршење на резолуции на ОН.
- Ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од потези кои зголемуваат тензии во регионот и наместо тоа да се фокусираат на преземање конкретни чекори во насока на исполнуавње на своите меѓународни обврски, соопшти Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството