Неуспешен и вториот брак на Скарлет Јохансон
После повеќе од две години брак, актерката Скарлет Јохансон и новинарот Ромен Доријак се разведуваат.
И покрај тоа што актерката позната по улогата на Црната Вдовица, т.е. Наташа Романова во филмскиот серијал Капетан Америка, до неодамна се појавуваше во јавноста со сопругот Ромен Доријак (28), извори тврдат дека двојката се разделила уште летото.
- Скарлет беше таа која го иницираше крајот. Тоа беше нејзина одлука, а објасни дека мисли дека немаат многу заедничко, наведува анонимен извор.
Врската ја почнаа пред четири години и се верија само неколку месеци потоа. Набрзо по раѓањето на ќерката Роуз Дороти организирале свадбена веселба и запловија во брачните води на 1 октомври 2014 година.
Холивудската актерка беше во брак три години (2008-2011) со колегата Рајан Рејнолдс, а како што објасни таа, тој брак бил убиен од нивната амбициозност.
- Љубовта често трипи заради работата, особено ако партнерот е од иста професија и ако сте двајцата кариеристи, рече 32-годишната Американка, зборувајќи за првиот брак.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море