-->
-->
Неуспешен грабеж на бензинска, разбојниците побегнале без пленот
-->

НК за КР - Гостивар поднесе кривична пријава против А.И. (21) од Тетово З.И.(20) од Гостивар, И.Б.(22) од Гостивар и Д.П.(24) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво“.
На 2.овој месец во времето од 03,43 часот до 03,45 часот на бензинската пумпа на “Макпетрол“ за време на смената на вработените Д.Б. (37) и Р.Ѓ.(56), тројцата пријавени откако претходно се договориле да сторат кривично дело се маскирале и вооружале со нож, палка и пиштол, се упатиле на градскиот плоштад каде дошол Д.Б. со патничко возило “BMW“ со кого биле договорени да ги чека со возилото, а предходно да го извиди теренот околу бензинската пумпа.
Кога влегле во бензинската пумпа, А.И. физички го нападнал Д.Б. удирајќи го со палката по главата, барајќи му пари но откако не му ги дал, со И.З. почнале да го удираат, при што во тој момент излегол и Р.Ѓ. на кого А.И. му вперил пиштол.
Откако Р.Ѓ. му рекол дека и тој има пиштол, И.З, се исплашил и со трчање избегал при што, во внатрешноста на бензинската пумпа му паднал и ножот.
Пријавените го напуштиле местото на настанот,а кратко време од страна на полициски службеници биле приведени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
-

МЖСПП најавува нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисииа носи построги правила за индустријата
-

Поднесено обвинение против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
-

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
