Нетфликс ги прекинува врските со Кевин Спејси за серијата „Кула од карти“
Стриминг сервисот Нетфликс соопшти дека ги прекинува односите со Кевин Спејси за серијата „Кула од карти“ по обвинувања кон актерот за сексуални напади.
Нетфликс објави дека повеќе нема да учествува во финансирањето на серијата „Кула од карти“, ако Кевин Спејси продолжи да глуми во неа. Компанијата ќе продолжи да работи со продуцентската куќа Ем Ар-Си, која е копродуцент на серијата, за да се процени дали таа може да биде завршена без Спејси.
Нетфликс, исто така, одбива да стримува филмот „Гор", во кој Кевин Спејси е копродуцент и ја игра улогата на писателот Гор Видал. Филмот во моментов е во пост-продукција и се очекуваше во кино салите да се појави следната година.
Во вторникот, Нетфликс соопшти дека ја замрзнува соработката на шестата и последна сезона на „Кула од карти“.
Од почетокот на неделава зачестија обвиненијата против Кевин Спејси за сексуално вознемирување или сексуални напади како во САД, така и во Велика Британија. Некои од овие обвинувања се за случаи од пред неколку децении, од кои едниот е за обид за силување на 15-годишно момче.
Спејси не е ниту уапсен ниту против него има поднесено обвиненија.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива