Нетанјаху: Преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“
Израел планира да ги интензивира своите напади во Појасот Газа дури и по очекуваното ослободување на израелско-американски заложник од страна на Хамас, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Преговорите ќе продолжат под оган за време на подготовките за интензивирање на борбите, рече израелскиот лидер во изјава.
Палестинската милитантна група вчера соопшти дека ќе го ослободи Едан Александар, израелски Американец кој служи во израелската армија, во гест на добра волја кон Соединетите Американски Држави по неодамнешните разговори.
Ослободувањето беше претставено како дел од напорите на исламистичката милиција да се постигне договор за Газа.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тоа е „одлична вест“ и гест на добра волја кон неговата земја и другите двајца посредници, Катар и Египет.
Во меѓувреме, Трамп планира неделава да почне повеќедневна турнеја по Блискиот Исток, без посета на Израел.
Ново на Сител
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот