Нетанјаху повика на акција против Сирија и Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на акција против Сирија, поради сомнежите дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума.
- Настаните од последните денови не учат дека борбата против злото и агресијата е мисија, која секоја генерација треба да ја преземе, изјави израелскиот премиер во говор по повод Денот на сеќавање за жртвите на Холокаустот. - Ги видовме сириските деца, кои беа убиени со хемиско оружје. Срцата ни се раскинаа од ужасната глетка, додаде Нетанјаху.
Тој потсети на лекциите од Втората светска војна и Холокаустот и повика да се преземат акции и против Иран, критикувајќи го нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили.
- Недостигот на подготвеност на западните сили да заземат цврст став против иранскиот режим, недостигот на подготвеност да ја платат цената за запирање на агресијата во рана етапа, доведе до тоа, човештвото да плати многу повисока цена подоцна, нагласи Нетанхају.
САД, претходно се заканија со воздушни напади врз Сирија поради сомнежот за користење на хемиско оружје од страна на провладините сили. Дамаск и Москва негираат употреба на такво оружје во Дума.
Ново на Сител
-
Трамп: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен
-
На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ уапсена 46-годишна жена барана со потерница
-
Дурмиши: Растот на минимална плата треба да се одреди од економскиот развој, продуктивноста и трошокот за живот
-
Евробарометар: Малтежаните силно ја поддржуваат македонската и албанската кандидатура за членство во ЕУ
-
Од ЈП Дрисла тврдат дека не се одговорни за загадувањето, се сомневаат во политички мотивирани потпалувачи
-
Објавена фотографија од пушката со кој беше убиен Чарли Кирк | ФОТО
-
ОН: Во Северна Кореја се бележи зголемен број на смртни казни и затвореници на принудна работа
-
НЦАА поведе истрага против 13 кошаркари за нелегално обложување