Нетанјаху: Палестинската управа не е решението за Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја критикуваше палестинската управа откако палестинскиот премиер Мухамед Штаје во изјава за „Блумберг“ изрази надеж дека Хамас ќе биде партнер во управувањето со Газа по војната меѓу Израел и организацијата, пренесе „Бета“.
„Нема да постои Хамас, ние ќе го елиминираме. Фактот дека тоа е предлог на палестинската управа само ја зајакнува мојата политика: Палестинската управа не е решението“, рече Нетанјаху, пренесоа израелските медиуми.
Американски официјални претставници неодамна се сретнале со палестинскиот премиер за да разговараат за планот за повоена Газа.
„Нема да одиме таму според израелскиот воен план. Нашиот народ е таму. Треба да составиме механизам, нешто на што работиме со меѓународната заедница“, рече палестинскиот премиер.
Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли идејата палестинската управа да ја води Газа по војната, обвинувајќи ја дека го поддржува тероризмот преку образование, им плаќа на терористите и не ги осудува нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел што ја започна војната.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
