Нетанјаху: Палестинска држава нема да има западно од Јордан

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчеравечер истакна дека формирање на палестинска држава “нема да се случи” и дека државите кои ја имаат признаено, пружаат “огромна награда на тероризмот”.
“Имам јасна порака до оние лидери кои признаваат палестинска држава по ужасниот масакр на 7 октомври – вие давате огромна награда на тероризмот,” рече Нетанјаху во видео обраќање.
Тој потенцираше дека одговорот на Израел на неодамнешните признавања на Палестина ќе биде даден по неговото враќање од САД следната седмица, додавајќи дека палестинска држава нема да биде основана западно од реката Јордан, објави „Тајмс оф Израел“.
“Одговорот на неодамнешниот обид да ни се наметне терористичка држава во срцето на нашата земја ќе биде даден по моето враќање од САД. Почекајте,” подвлече Нетанјаху.
Израелскиот премиер соопшти дека под негово раководство, Израел го зголемил двојно бројот на еврејски населби во Јудеја и Самарија, како што Тел Авив ја нарекува окупираната Западна Обала, и напомена дека ќе продолжи да чекори по тој пат.
Велика Британија, Канада и Австралија, а подоцна и Португалија, вчера официјално ја признаа државата Палестина. Палестина во моментов е признаена од околу 75 проценти од 193-те земји-членки на ОН, но нема меѓународно договорени граници, главен град или војска. Од ноември 2012 година, таа има статус на држава набљудувач, која не е членка на Генералното собрание на Обединетите нации.
Во Генералното собрание на ОН за денеска е закажана меѓународна конференција на високо ниво за мирно решение на палестинското прашање и спроведување на решение за две држави, а се очекува и други западни земји, како Франција, Белгија и Нов Зеланд да ја признаат независноста на Палестина.
МИА
Ново на Сител
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Ние сме единствена партија која е за зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Петрушевски: Случајот со хеликоптерите е доказ за криминал и корупција во владеењето на СДСМ
-

„Парите во ѕидот се наши, кога ќе останеше некоја паричка ја ставав во дупчето“ - сведочеше мајката на Ѓоко Ристов
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
