Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата офанзива во Газа ќе биде интензивна воена операција со цел да се порази Хамас.
Населението ќе биде преселено заради негова заштита, рече Нетанјаху во видео обраќање објавено на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека израелските војници нема да влезат во Газа само за извршување на целни акции и потоа да се повлечат.
Намерaта е токму спротивна, рече тој, алудирајќи на план за долгорочно израелско воено присуство во Појасот Газа.
Претходно денеска, двајца израелски официјални лица изјавија дека безбедносниот кабинет одобрил план за заземање на целиот Појас Газа и одржување на контрола на неодредено време. Овие официјални лица посочија дека планот ќе вклучува раселување на стотици илјади Палестинци во јужна Газа.
Во меѓувреме, висок израелски одбранбен функционер предложи „прозорец на можности“ за договор за заложниците во Газа за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на регионот следната недела, што ја покренува можноста за привремен прекин на огнот.
Сепак, крајно десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич инсистираше дека Израел нема да се повлече од Газа дури и ако се постигне договор за заложниците, повикувајќи ги Израелците да го прифатат терминот „окупација“. – Конечно ќе го окупираме Појасот Газа. Ќе престанеме да се плашиме од зборот ‘окупација’, изјави Смотрич за израелскиот Канал 12.
Израелската група, Форум на семејствата на заложници и исчезнати, го осуди планот, наведувајќи дека тој ќе ги „жртвува“ заложниците држени во Газа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца