Нетанјаху нареди дополнителни испораки на хуманитарна помош за Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди значително зголемување на испораката на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа, јавија синоќа израелските медиуми, цитирани од ДПА.
Израелскиот јавен радиодифузер Кан објави дека во иднина 250 камиони дневно ќе носат хуманитарна помош во палестинската енклава, каде што војната беснее повеќе од една година.
Одлуката на Нетанјаху е реакција на заканите на САД дека ќе ја прекинат испораката на оружје за Израел доколку не се подобри ситуацијата со мирното палестинско население во Газа.
Според израелската агенција одговорна за палестинските прашања, 50 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа во средата, а дополнителни 30 влегле вчера.
Ситуацијата во северниот дел на енклавата се смета за исклучително критична.
Според Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ, речиси секое петто дете во областа страда од неухранетост опасна по живот.
Според ОН, околу 500 камиони дневно доставувале помош и стока во Појасот Газа пред почетокот на војната минатиот октомври.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани
-
Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници