Нетанјаху ја напушти премиерската резиденција
Поранешниот израелски лидер Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство ја напуштија премиерската резиденција по речиси еден месец од крајот на неговото долгогодишно владеење.
Портпарол на семејството Нетанјаху го потврди напуштањето на резиденцијата во Ерусалим кусо по полноќ, како што беше договорено со новиот премиер Нафтали Бенет.
По 12 последователни години како премиер и вкупно 15 години на функцијата, Нетанјаху беше сменет на 13 јуни, кога израелскиот парламент Кнесет гласаше за нова коалиција предводена од Бенет.
Владата тогаш соопшти дека е договорено Нетанјаху, сега лидер на опозицијата, да ја напушти резиденцијата до 10 јули и оти тој веќе нема да има официјални состаноци таму.
Демонстрантите кои со месеци протестираа пред неговата резиденција во саботите овојпат го исмеваа на социјалните мрежи, пишувајќи дека „обвинетиот и неговото семејство бегале ноќе како крадци“.
Против Нетанјаху, обвинет за корупција, во тек се три тужби – за примање скапи подароци од богати приврзаници и за договор со сопственикот на тиражен весник да известува позитивно за него, како и услуги на телекомуникациски магнат поради слични причини.
Нетанјаху, политичар со најдолг стаж како премиер, негира дека сторил какво било кривично дело.
Бенет сè уште не соопшти кога ќе се пресели во резиденцијата. Израелските медиуми претходно пишуваа дека тој сака да остане во својата куќа во Ранана, близу Тел Авив.
Ново на Сител
-

Просечната плата во септември зголемена за 156 денари, статистика пресмета дека изнесува 45.466 денари
-

Продавачите на стари книги ќе мора да ги напуштат тезгите од кеј до среда
-

Вештачката интелигенција навлегува и во медиумите
-

Македонците во Неиве слават 20 години духовен дом - празникот Св. Архангел Михаил ги обедини сите
-

Украина го доби, Русија го чека мировниот план на САД
-

Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска
-

Министерот Алиу презентираше анализи за застапеноста на кадрот во овој сектор
-

Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
