Нетанјаху: Израел ќе има воена контрола над палестинските територии и ако се имплементира решението за две држави
Дури и при имплементација на решение за две држави меѓу Израел и Палестинците, Тел Авив ќе ја задржи воената контрола врз сите палестински територии, изјави синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Во сите случаи, со или без трајно решавање на конфликтот, Израел ќе одржи целосна воена контрола врз сите области западно од реката Јордан, вклучително и Западниот Брег и Појасот Газа, истакна Нетанјаху.
САД, сојузникот на Израел, сè повеќе повикуваат на решение за две држави што предвидува мирен соживот меѓу еврејска и палестинска држава што ќе ги вклучи палестинските територии окупирани од Израел во 1967 година.
– Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа.
Нетанјаху, како претставник на израелската десница, својата политичка кариера ја изгради главно на неговото цврсто противење на решението за две држави.
Ново на Сител
-
ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина родилката
-
Со месеци не плаќале патарина, полицајци и вработени во Државни патишта кривично ќе одговараат
-
Започна новата академска година – Си ја гледаат ли бруцошите иднината во Македонија?
-
Преглед на вестите од светот
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот