Нетанјаху: Израел и Саудиска Арабија се блиску до историски мир

Израел и Саудиска Арабија се блиску до историски мир, изјави денеска во ОН, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека Палестинците немаат „право на вето“ на израелско-арапските односи.
Потсетувајќи на нормализацијата на односите со трите арапски држави во 2020 година и нарекувајќи ја „почеток на нова ера“, Нетанјаху рече: „Блиску сме до уште еден поспектакуларен исчекор напред, историскиот мир меѓу Израел и Саудиска Арабија“.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман неодамна во интервју за американскиот „Фоу њуз“ изјави дека сунитската монархија и хебрејската држава „секој ден се поблиску“ до нормализацијата на односите.
„Таков мир во голема мера ќе придонесе за ставање крај на арапско-израелскиот конфликт, ќе ги охрабри другите арапски земји да ги нормализираат односите со Израел и ќе ја зголеми можноста за мир со Палестинците. Сепак верувам дека не треба да им дадеме на Палестинците право на вето на новите мировни договори со арапските држави. Палестинците би можеле да имаат голема корист од поширокиот мир. Тие исто така мора да учествуваат во овој процес“, рече Нетанјаху.
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
