Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа
Израел „целосно ќе го порази Хамас во Појасот Газа за да обезбеди ослободување на заложниците, изјави синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по состанокот со безбедносните претставници за да се разговара за следната фаза од војната.
-Треба целосно да го поразиме непријателот во Газа, да ги ослободиме сите наши заложници и да се осигураме дека Газа повеќе не претставува закана за Израел. Нема да се откажеме од ниту една од овие задачи, рече Нетанјаху за време на посетата на воена база.
Вчера попладне, според неговата канцеларија, тој одржал „ограничена дискусија за безбедноста“ што траела речиси три часа. За време на состанокот, „командантот на армијата му ги презентирал опциите за продолжување на операциите во Газа“, се вели во соопштението.
Вчера, неколку министри „потврдија дека Нетанјаху одлучил да ги прошири борбите во областите каде што се држат заложниците, објави израелскиот весник Кан.
Весникот Маарив забележа дека „оваа драматична одлука“ значи дека армијата ќе „започне борба во области“ каде што се воздржала од борба во последните месеци – каде што можеби се држат заложниците, како и во кампови со раселени жители и области со голема концентрација на цивили.
Во меѓувреме, уште 68 Палестинци беа убиени во израелските напади вчера, вклучувајќи 56 кои чекале дистрибуција на храна во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и во Зиким во северниот дел на енклавата.
Армијата соопшти дека испукала „предупредувачки истрели“ во јужна Газа и дека ги проверува извештаите за пукањето во Зиким.
МИА
Ново на Сител
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар