Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во недела ќе отпатува за САД, каде што во понеделник во Флорида ќе се сретне со блискиот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, изјави за француските медиуми израелски функционер.
Според локалните медиуми, програмата на посетата ќе биде исполнета со многу содржини, вклучувајќи дискусии за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Тоа ќе биде петта средба меѓу Трамп и Нетанјаху во САД откако републиканскиот претседател се врати во Белата куќа пред речиси една година.
„Нетанјаху веројатно ќе дојде да ме посети во Флорида“, рече Трамп кон средината на декември, осврнувајќи се на неговата луксузна резиденција Мар-а-Лаго.
Според израелскиот дневен весник Једиот Ахронот, двајцата лидери ќе разговараат за Иран, заколнатиот непријател на Израел, по кратката војна меѓу двете земји во јуни.
Се очекува да разговараат и за Сирија, либанската милиција Хезболах и спроведувањето на втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа.
Американската администрација и регионалните медијатори, предводени од Египет и Катар, бараат забрзување на процесот за да се започне втората фаза од договорот.
Примирјето според мировниот план на САД во октомври стави крај на двегодишниот смртоносен конфликт, предизвикан од невиден напад на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври 2023 година.
Меѓутоа, прекинот на огнот е сè уште кревок и двете страни се обвинуваат меѓусебно за негово кршење.
Втората фаза предвидува разоружување на палестинското движење, постепено повлекување на израелската армија од цела Газа, воспоставување преодна администрација и распоредување на меѓународни сили за стабилизација.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
