Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори својот став дека договор со Хамас за делумно примирје и ослободување на заложниците „не е на маса“, објавија денес израелските медиуми.
За време на шестчасовната седница на израелскиот кабинет за безбедност, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се залагаше за гласање против предлогот за прифаќање на какви било делумни договори, на што Нетанјаху одговори дека „нема потреба од гласање бидејќи тоа не е на маса“, објавува „Тајмс оф Израел“.
За време на состанокот, Нетанјаху рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го повикал и му рекол дека не прифаќа никакви делумни договори со Хамас и дека наместо тоа ја води борбата против „таа терористичка група со полна сила“, објавува „Танјуг“.
„Заборавете на делумните договори. Одете со полна сила и завршете го тоа“, наводно му рекол Трамп на Нетанјаху, според израелскиот весник.
Пред состанокот на кабинетот за безбедност, вестите на Канал 12 цитираа неименувани извори кои велат дека Трамп врши зголемен притисок врз Нетанјаху што побрзо да го победи Хамас.
Реагирајќи на изјавите на премиерот на Израел, Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица изјави дека Нетанјаху ги отфрла делумните рамки за кои претходно се согласил и дека води стратегија која „не е стратегија на преговори, туку стратегија на опструкција“.
МИА
Ново на Сител
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари
-
Српскиот премиер повикува на дијалог и мир по синоќешните немири во Нови Сад