Нетанјаху: Целта на војната е да се победи убиствениот непријател, да се обезбеди нашето постоење во нашата земја
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека втората фаза од војната против Хамас започнала синоќа со влез на повеќе копнени сили во Газа.
На прес-конференција во Тел Авив, Нетанјаху рече дека воените цели на Израел се јасни – „уништување на воените и управувачките способности на Хамас; и враќање на заложниците дома“.
Нетанјаху рече дека одлуката за започнување на копнениот упад била донесена едногласно, и од воениот кабинет и од кабинетот за безбедност.
- Нашите команданти и војници кои се борат на непријателска територија знаат дека нацијата и националното раководство стојат зад нив, додаде тој.
Нетанјаху рече дека трупите што ги сретнал на терен се решени да го натераат Хамас да плати за своите акции на 7 октомври.
- Тие се решени да го искоренат ова зло од светот, заради нашето постоење и, додавам, за целото човештво, нагласи тој.
Нетанјаху претходно се сретна со претставници на семејствата на заробениците кои ги држи Хамас во Газа. По средбата тие повикуваа да се ослободат сите палестински затвореници во Израел во замена за ослободување на нивните најблиски.
Ново на Сител
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади
-
Израелските авиони сè уште напаѓаат нуклеарни постројки низ Иран, соопшти армијата
-
Коцевски и обвинителскиот тим ќе информираат за досегашната постапка и донесената одлука за пожарот во „Пулс"
-
Во израелските напади е убиен шефот на Иранската револуционерна гарда