Несреќа во тетовско, едно лице повредено
Сообраќајна несреќа се случила вчера во тетовско. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 15,00 во СВР-Тетово, Ш.Б. (44) од с.Селце-Тетово, пријавил дека околу 12,10 часот на крстосница на ул.„М.Тито“ со ул.„Илинденска“ во Тетово, дошло до собраќајна незгода во која пријавителот кој управувал патничко моторно возило„Мазда 6“ со италијанска национална ознака, бил удрен од патничко моторно возило„Ауди А4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од Тетово.
По незгодата, според пријавеното, М.К., излегол од возилото, го земал трепкачот кој му бил оштетен, влегол во своето возило и тргнал во правец на Ш. Б., при што го удрил во пределот на десната нога и го напуштил местото на настанот.
Пријавителот се упатил во Клиничка болница Тетово, каде му е констатирана телесна повреда. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. М.К. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува