Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство

Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство, објавија аргентинските медиуми.
-Тројца полицајци се повредени во нападите. Исто така, регистрирани се кражби на телефони и лични предмети. Официјални извори потврдија дека најмалку 15 лица се уапсени во врска со овие инциденти, објави TN.
По поразот на Аргентина од Шпанија, илјадници навивачи се собраа кај националниот споменик Обелиск. Првично, протестот беше мирен, но подоцна група луѓе почнаа да фрлаат камења и шишиња кон полицијата. Неколку лица се искачија и на оградата околу Обелискот и потоа беа приведени од полицијата.
Според весникот „Кларин“, во судирите биле повредени седум полицајци. Весникот известува дека органите за спроведување на законот употребиле солзавец и водни топови за да ги растераат насилните демонстранти.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
