Неправилно паркираните во Кавадарци добија единица
Единици добија неправилно паркираните во Кавадарци, во рамките на акцијата за покревање на сообраќајната свест, што ја реализираше општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Имаше и петки за совесните возачи кои прописно ги паркирале своите возила во градот, што мака мачи со паркинг простор.
Флаерите ги делеа основци од кавадаречките училишта.
-Со акцијата ќе согледаме колку возачите совесно паркираат. Флаери со единици и петки добија возилата, во зависност од тоа дали се паркирани правилно или не. Паркирањето е битно за нормалното одвивање во сообраќајот и затоа сакаме да ги опомениме возачите на таа нивна обврска, информираше Љупчо Лазов, претседател на Советот за сообраќајна безбедност.
Секое неправилно паркирање, нагласи тој, го загрозува нормалното одвивање на сообраќајот.
-Со овие опомени или оценки се надеваме дека малку барем ќе влијаеме врз возачите, да водат сметка при паркирање и да ги ослободат тротоарите за безбедно движење на пешаците. Особено ни е важен теренот пред училиштата, каде најголема е фрекфенцијата на деца. Секое узурпирање на тротоарот го стеснува просторот за движење на децата и тие се принудени да се движат по улица, додаде Лазов.
Ново на Сител
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени

